Минимални промени за македонските тенисери на новите АТП и ВТА ранг листи

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов пад на АТП листата. Тој сега ја завзема 361. позиција што е едно место подоле од претходниот ранкинг.

Пад од две места забележа и Обрад Марковски и тој во моментот е 1612. најдобар тенисер на светот, а за разлика од нив, Горазд Србљак има скок од три места и сега е рангиран на 1068. место.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не забележа промена во ВТА ранкингот и остана на 235. место, додека Магдалена Стоилковска забележа скок за едно место и сега е на 1211. позиција.

Се вчитува...