„Минималци“ на Вардар и на Шкендија, Работнички поубедлив

Актуелниот шампион Вардар славеше минимален триумф во Кратово против Силекс (0-1), а и Шкендија исто така со „минималец“ освои три бода на гостувањето против Пелистер во Прилеп. Работнички со 3-1 ја совлада Брегалница, а Ренова беше подобра од Победа со 1-0.

Дејан Блажевски повторно беше таличен за Вардар и донесе триумф против Силекс. Тој успеа да ја затесе мрежата на кратовскиот прволигаш во 63.минута од натпреварот.

pelister so sklendija 2

Шкендија го слави Марјан Радески. Прилепчанецот знаеше како да постигне погодок на „свој терен“ на Могила. Во 82.минута, Бесарт Ибраими продре по десната страна, го проигра Радески во средината, кој со удар од 15 метри ја смести топката на вистинското место.

rab-bregalnica (27)

Работнички со 3-1 ја совлада Брегалница. Душко Трајчевски уште во четвртата минута го отвори резултатот, а Суад Сахити, со помош и на гостинскиот дефанзивец Коцев, зголеми на 2-0, во 17.минута. Сахити уште еднаш стрелаше, во 53.минута, а Лазар Илиев го постигна почесниот погодок за Брегалница во 75.минута од мечот.

IMG_3559

Ренова освои три бода против Победа, со триумф од 1-0. Арџент Гафури во 24.минута беше стрелец на победничкиот гол за „гипсарите“.

Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП и Шкупи одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО

СИЛЕКС – ВАРДАР 0-1

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0-1

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1

РЕНОВА – ПОБЕДА 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0

Табела: Вардар 65, Шкендија 54, Работнички 46, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија ЃП 18.

Се вчитува...