Министерот за здравство во Владата на РМ, Венко Филипче беше дел од атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ 2018“ кој ги освои срцата на спортска Македонија.
Филипче трчаше како дел од екипата за поддршка на децата со ретки болести нагласувајќи ја потребата за максимална посветеност кон решавање на сите проблеми со кои се соочуваат…
А, овие спортски настани се добар момент и за привлекување на вниманието на целокупната општествена јавност.
„Охрид денеска е преубав, заедно со граѓаните трчавме за поддршка на пациентите со ретки болести на овогодинешниот Охрид ТрчаТ. Заеднички ја подигнуваме јавната свест и заложба за навремена дијагноза и лекови за лицата со ретки болести“ – истакна за ЕКИПА министерот Филипче, за време на денешниот „Охрид трчаТ 2018“.
Дел од маратонската трка на пет километри беше и Јане Велковски кој нагласи дека со ваквите настани Охрид е уште поубав.
„Охрид е секогаш прекрасен, но со ‘Охрид трчаТ’ е уште поубав“ – рече Јане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА