Министерот најави: Одбојкарите ќе добијат награда од три милиони денари за пласманот на ЕП!

Министерот за спорт, Борко Ристовски кој од трибините на СЦ „Борис Трајковски“ го проследи четвртиот едноподруго пласман на македонските одбојкари на Европско првенство,  веднаш по победата над Грузија која ја однесе Македонија меѓу најдобрите на Стариот континент, отворено им честиташе на македонските „спартанци“ нагласувајќи дека и тоа како мора да се наградат и поддржат за сите досегашни и идни успеси.

Ристовски потенцирајќи го овој успех како уште еден на македонскиот спорт кој и тоа како мора да се поддржи, информираше дека одбојкарите ќе добијат награда од Министерството за спорт во висина од три милиони денари.

„Може само од срце да им честитам на одбојкарите за оваа радост која ни ја овозможија, затоа што како спортист многу добро знам што значи еден ваков континуиран пласман меѓу најдобрите во Европа. Токму поради тоа Министерството за спорт и Владата одлучија да доделат премија од 3 милиони денари за македонските одбојкари. Ова е награда за да секој спортист знае дека секогаш секој успех ќе биде вреднуван од државата. Не е мала работа да се оди на Европско првенство, а посебно ако се знае дека одбојкарите нижат континуитет во своите успеси“ – истакна Ристовски по новиот пласман на македонските одбојкари на ЕП.

Се вчитува...