Министерството за спорт со награда од 1.5 милиони денари за младинците на Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер добија парична награда од Министерството за спорт за неодамнешниот успех и пласманот на завршниот турнир од младинската Лига на шампиони.

Министерството одобри 1,5 милиони денари со што го награди историскиот успех на младите ракометари на битолскиот клуб.

„Клубот се заблагодарува на наградата и ветува дека достојно ќе ја претставува Битола и Македонија на Ф4 турнирот следниот месец“, објавија од Е. Пелистер.

Битолчани го освоија првото место на квалификацискиот турнир во Букурешт минатиот месец и обезбедија пласман на завршниот турнир што ќе се игра во Келн. Противник во полуфиналето на 14. јуни ќе им биде данскиот ГОГ Гудме.

Се вчитува...