Министерството за спорт со специјално признание за Начевски и Николов

Македонија вечерва во јубилеен 70. пат ги избира најдобрите спортисти. На церемонијата која се одржува во Македонската опера и балет, покрај регуларните награди во сите категории Министерството за спорт и сојузот на спортски федерации додели и посебно признание за најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Николов и Начевски редовно судат на големите натпреварувања на ИХФ и ЕХФ, а добија огромна чест оваа година да ги судат финалињата на Олимписките игри и Лигата на шампионите. Македонското дуо котира меѓу најдобрите судии на светот во овој момент.

 

Се вчитува...