Италијанскиот интернационалец Марко Верати на лето би можел да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во Барселона. Неговиот агент Мино Раиола го понудил својот фудбалер на каталонскиот гигант и во зимскиот преоден рок, но за раководството на Барселона сепак приоритет беше ангажманот на Фелипе Кутињо. Но, тоа не значи дека по завршувањето на сезоната нема да следат нови преговори на оваа тема.
Верати би бил одлично решение за средниот ред на Барселона, со оглед дека капитенот Андрес Иниеста најверојатно ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Кина. Иако каталонскиот клуб го доведе Бразилецот Артур, очекувањата се дека тренерот Ернесто Валверде ќе се обиде да го доведе и Верати во својот тим. Трансферот би изнесувал околу 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА