Пеп Гвардиола не е баш омилен во дел од светските фудбалски кригови, но очигледно и тоа како е засилен омразен кај еден од најугледните светски менаџери Мино Раиола кој застапува ѕвезди како Балотели, Ибрахимовиќ, Погба, Донарума…
„Пеп е кукавица и џукела. Тоа што му го направи на Златан покажува дека како човек е нула. Нема да кажам дека е лош тренер затоа што не е, но како човек е навистина одвратен. Сите кои малку го познаваат го знаат тоа“ – вели Раиола и дополнува:
„На Ибра му рече да му се обрати ако нешто му треба, а потоа го замолкна и го отстрани од екипата. Не секаше ниту да се поздрави со него, а ниту со Максвел кој исто така е извонредно момче“.
Раиола признава дека во една прилика сакал и да го истепа актуелниот менаџер на Манчестер сити, и тоа по победата на Барселона против Манчестер јунајтед во финалето од Лигата на шампионите.
„Го бркав по ходниците на Вембли. Имаше среќа дека Галијани, кој беше делегат на УЕФА, ме запре и ме спречи да му одржам една добра лекција“ – вели Раиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА