Со едноминутно молчење во салата „Градски Парк“ почна денешниот прволигашки дуел меѓу Работнички и Академија ФМП, во чест на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур.
Тој најблескавите моменти во кариерата ги мина токму во „Градски Парк“, носејќи го дресот на својот Работнички, салата што во ерата на Буштур беше исполнета до последно место, а денеска како и многу пати во изминатите години зјаеше празна, со едвај стотина кошаркарски ентузијасти што им даваат поддршка на „центарци“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

