Минути паника на „Ататурк“ во Истанбул пред финалето: Голем пожар во близина на стадионот (ВИДЕО)

Целиот спортски свет вечерва од 21 часот го очекува финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер.

Но, кај дел од навивачите веќе присутни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, завладеаја и минути паника по црниот чад кој го надвисна стадионот на околу час и половина пред почетокот на финалето.

Како што известуваат турските медиуми, избил силен пожар во зграда во близина на стадионот, но нема никаква опасност по стадионот.

Пожарникарските служби се уште се обидуваат да го стават под контрола, но освен црниот облак кој се појавил над стадионот нема никаква опасност за евентуално пролонгирање на финалето.

Се вчитува...