Стипе Миочиќ ја одбрани УФЦ титулата во тешка категорија во спектакуларна борба против Даниел Кормие.
Американско-хрватскиот борец славеше со едногласна одлука на судиите по пет тешки рунди против 41-годишниот Кормие. Со оваа победа Миочиќ го израмни рекордот на легендарниот Ренди Коутуре по број на победи во борбите за титула во тешка категорија.
Миочиќ сега има шест победи во такви борби, колку и Коутуре кој кариерата ја заврши во 2011 година. Зад нив се Тим Силвија со пет победи и Веласкез со четири победи.
За Миочиќ оваа победа против Кормие му е четврта одбрана на титула.
“TIL I DIE” ?
? Stipe Miocic is the greatest heavyweight of all-time! #UFC252 pic.twitter.com/m5Xu2mxxsT
— UFC (@ufc) August 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА