Бојан Миовски блесна со два гола на последниот дуел на Џирона, во Ла Лига против Еспањол, па македонскиот репрезентативец се најде на прес-конфернецијата и во пресрет на наредниот меч од Лигата на Шампионите, гостувањето во Грац против Штурм.
Нашиот репрезентативен голгетер е најавен како стартер и за овој натпревар, со надеж дека ќе ја продолжи серијата добри игри откако беше стрелец и на последниот дуел на Македонија во Лигата на Нации, за победа над Фарските Острови.
„Никогаш не е лесно кога доаѓате во нов клуб, во нова земја, јас знам дека Џирона има одличен тим од ланската сезона, тука сум и работам напорно. Одам чекор по чекор, пресреќен сум што помогнав да влеземе во победнички ритам. Двата гола со Еспањол многу ми значат, особено бидејќи ги постигнав на домашен терен, откако среќата не ми беше најнаклонета на претходниот натпревар. Сега сакам да се радуваме и на овој натпревар во Лигата на Шампионите, верувам дека имаме квалитет за да победиме“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА