Бојан Миовски продолжува максимално да ги користи сите шанси што ги добива во дресот на Глазгов Ренџерс за да ги тресе противничките мрежи, тренд што продолжи и на денешното гостување против Фалкирк.
Македонецот влезе во игра на паузата меѓу двете полувремиња при негатива на неговиот тим од 2-1, а токму Миовски го раздвижи нападот на шкотскиот гигант, кој набрзина постигна дури три гола и направи целосен резултатски пресврт.
Одличната партија беше крунисана со погодок за 2-4, откако Миовски одлично се снајде и со прецизен удар со глава го матираше домашниот голман.
Погодокот на Миовски на гостувањето со Фалкирк можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

