Бојан Миовски тргна одлично во дресот на Абердин. Три гола во првите четири кола во шкотскиот шампионат и делба на првото место на листата на стрелците после четири одиграни натпревари. Македонскиот репрезентативец погоди два пати против Сент Мирен и еднаш против Мадервел во шкотскиот шампионат, а не даде голови само против Селтик и Сент Џонсон.
Напаѓачот, сепак, води во еден статистички показател. Тоа е по ударите кон противничкиот гол. Засега Миовски ги има седум, додека двајца играчи се по шест.
Можност за поправање на статистиката Миовски ќе има идниот викенд. Неговиот тим игра на домашен терен со Ливингстон. Засега Абердин има скор од две победи и два порази по првите четири меча во шкотскиот Премиершип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

