Миовски е најдобар фудбалер во Шкотска – Нови два гола во победата на Абердин над Ливингстон (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски игра во животна форма сезонава во дресот на шкотскиот Абердин. Тој својот тим го водеше до нов триумф откако постигна два гола во победата над Ливингстон со 5-0 во натпревар од 5. коло.

Миовски донесе водство за својот тим од 1-0 со гол од пенал во 41. минута, а стрелаше и за 4-0 во 63. минута. Миовски сезонава е на бројката од пет погодоци во шкотскиот шампионат со што е најдобар стрелец.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...