Миовски е повторно спасителот на Абердин: Гол во 100. минута за реми со Сент Мирен (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со извонредната гол-форма сезонава во дресот на Абердин.

Миовски повторно е спасителот на Абердин, овој пат во 3. коло од шкотската Премиерлига за реми на неговиот тим од 2-2 на гостувањето против Сент Мирен.

Македонскиот напаѓач во 10. минута од судиското продолжение на мечот, буквално во последните секунди погоди од пенал за реми на Абердин.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...