Миовски еден час против „кралевите“, Џирона немоќна… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра еден час како стартер за неговата Џирона против европскиот гигант Реал Мадрид во 17. коло од Ла Лига. Но, Џирона само ја почувствува моќта на „кралевите“ кои славеа убедливо со 0-3.

Џирона имаше квалитетно полувреме во кое, се чини, беше и поубедлив тим на теренот низ првиот половина час игра, но не успеа да ги искористи своите можности, посебно преку Ван де Бек кој во 30. минута имаше и одлична шанса по проигрувањето од Миовски.

Па, во 36. минута Белингам казни на спротивната страна со гол за водство од 0-1.

Во второто полувреме, Арда Гулер погоди и за 0-2, а веќе во 62. минута, Килијан Мбапе ги постави конечните 0-3.

Бојан Миовски беше заменет во 58. минута од средбата.

Се вчитува...