Октомвриските квалификации во Лигата на нации ги одбележа добрата игра на македонската репрезентација која забележа две убедливи победи триумфирајќи на гостувањата кај Летонија со 0-2 и Ерменија со 0-3.
Натпреварите ги одбележа и голгетерот Бојан Миовски кој беше асистент на гостувањето во Рига, а потоа постигна и ефективен гол во Ерван фантастично снаоѓајќи се во шестнаесетникот.
Фудбалерот на шпанска Џирона не го криеше задоволството од прикажаното во репрезентативните бои па сподели и објава со националниот дрес на социјаните мрежи насловена „Фудбалот не го гради карактерот, го покажува“.
📸 About yesterday. ⚽🥇🇲🇰⁰Football doesn’t builds character, it reveals it. 🙏🏼 #BM9 pic.twitter.com/80YGLGU9Dd
— Bojan Miovski (@bojanmiovskii) October 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА