Супер-Бојан е херој на Абердин: Миовски за финале во шкотскиот Куп! (ВИДЕО)

Фантастичните настапи на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во дресот на Абердин продолжија и денеска во полуфиналниот натпревар од шкотскиот Куп против Хиберниан во кој Македонецот го одведе својот тим до големото финале постигнувајќи го единствениот гол во победата од 0-1.

Миовски ја затресе мрежата во 78. минута, интересно само три минути откако неговиот тим остана со играч помалку по вториот црвен картон на Мекензи.

До крајот на средбата Абердин одолеа на налетот на противникот и сосема заслужено се пласираше во финалето за прв пат по сезоната 2013/14.

Се вчитува...