Миовски: Хрватска и Чешка се одличен тест за да видиме до каде сме! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за пријателските натпревари против Хрватска и против Чешка на почетокот од следниот месец.

Избраниците на Благоја Милевски најпрво ги очекува гостувањето против Хрватска во Ријека на 3. јуни. Офанзивецот Бојан Миовски верува дека тоа ќе биде одличен тест за да се види до каде е оваа македонска генерација во желбата за пласман на ново големо натпреварување во блиска иднина.

„Многу добро знаеме против кого играме, Хрватска е една од најголемите светски селекции. Овие два натпревари ќе бидат одличен тест за нашите сили и да видиме до каде сме и дали во иднина ќе можеме повторно да играме на едно големо натпреварување“ – вели Миовски притоа дополнувајќи:

„Ние, секогаш подобро играме со поголеми репрезентации. Хрватите се подготвуваат за ЕП и ќе пристапат на мечот максимално сериозно, затоа и ќе биде добар тест за нас. Сериозно ќе ни недостасува капитенот Барди, но мислам дека имаме во средниот ред доволно млади играчи кои ќе може да го заменат“.

Се вчитува...