Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го имаше најлошиот натпревар откако е член на шкотскиот Аберди во убедливиот пораз на гостувањето кај Хибернијан од 6-0 во натпревар од 23. коло во Премиер-лигата.
Домаќините брзо стигнаа до водство од 2-0 со погодоците на Кембел во 10. и 15. минута. До крајот на првиот дел беше и 3-0 со голот на Јуан во 45. минута. Во вториот дел Нисбет во 73. минута зголеми на 4-0. Во 88. минута веќе беше 5-0 со вториот гол на Јуан, а конечните 6-0 ги постави Фиш во 90. минута.
Миовски се најде во почетниот состав на Абердин, а беше заменет во 83. минтуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА