Миовски и Абердин го решија големиот Глазгов Ренџерс за крај на првата фаза од Премиерлигата во Шкотска (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра уште еден одличен натпревар во шкотскиот шампионат, овој пат во победата од 2-0 на неговиот Абердин против големиот Глазгов Ренџерс во последното 33. коло од првата фаза во Премиерлигата на Шкотска.

Абердин дојде до голема победа од 2-0 со која се зацврсти на третата позиција на табелата пред втората фаза од шампионатот.

А, сето тоа благодарение и на Миовски кој во 57. минута извонредно реагираше со глава пред голот на Ренџерс за водство од 2-0 на Абердин.

За Бојан Миовски ова е 16-гол сезонава за Абердин во Премиерлигата на Шкотска, со кој изби на четвртото место на листата на најдобрите стрелци.

Се вчитува...