Миовски и Абердин му пресудија на тренерот на Ренџерс

По саботниот пораз од Абердин на нашиот Бојан Миовски, Ренџерс се одлучи да го промени тренерот Мајкл Бил кој по неполна година веќе е поранешен менаџер на клубот од Глазгов.

По само седум одиграни кола, Ренџерс заостанува седум бода зад вечниот ривал Селтик, а поразот од Абердин само го засили раководството на клубот во желбата да промени нешто.

Пред да дојде во Ренџерс, Бил имаше само неколку месеци независно тренерско искуство, на клупата на Квинс Парк Ренџерс. Бил на клупата го замени Џовани ван Бронхорст, а сега прашање е кој ќе го замени него, бидејќи Ренџерс се уште ја нема донесено таа одлука.

Се вчитува...