По четири едноподруго порази, Абердин конечно победи во шкотската Премиерлига. Во 30. коло од шампионатот Абердин славеше со 0-1 на гостувањето против Мадервил во пресметката на двата тима во кои настапуваат македонските репрезентативци во Шкотска.
На крајот Бојан Миовски се радуваше на трите бода наспроти Давор Здравковски.
Миовски очекувано се најде во првиот тим на Абердин и одигра 88 минути на дуелот во кој не успеа да се запише во листата на стрелците. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Кларксон во 25. минута од натпреварот.
Здравковски, пак, по подолго време, зачудувачки не доби минутажа кај Мадервил останувајќи на клупата за резервни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

