Миовски конечно заигра, но Џирона загуби дома

Бојан Миовски по подолга пауза конечно доби шанса да заигра во тимот на Џирона, но и тоа се покаже недоволно за неговиот тим да избегне пораз на домашен терен против Вилјареал (0-1).

Македонскиот голгетер упорно е игнориран од тренерот Мичел, но шефот на стручниот штаб на Џирона овој дуел не го водеше својот тим поради здравствени проблеми. Помошниот тренер реши да му даде шанса на Миовски внесувајќи го во игра во 73. минута на местото на Стуани, во обид да го разбуди заспаниот напад на Џирона.

Не само што тоа не се случи, туку домашниот тим дури и го загуби овој натпревар по голот што Вилјареал го постигна преку Ејонг во 89. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...