Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, за жал, немаше славно деби во Лигата на шампионите во дресот на својата Џирона на синоќешниот дуел против холандски Феенорд.
Миовски имаше шанса да му помогне на шпанскиот клуб да избегне пораз, но не успеа да реализира пенал. Нашиот напаѓач промаши од белата точка во 67. минута, сега нагласувајќи дека, за жал, во фудбалот не е секогаш баш онака како што посакувате.
„Дебито во Лигата на шампионите за мене остварување на уште еден сон, но за жал не е секогаш онака како што посакуваме да биде. Но, сето тоа ќе ме направи уште посилен и веќе фокусиран на следниот натпревар за тимот во шампионатот“ – напиша Миовски по синоќешниот натпревар на Џирона.
Debut in the Champions League for me is another dream that came true, but unfortunately it’s not always like we want to be, and this will make me stronger and of course already focused for the weekend game! 💪
Som-Hi Girona!❤️ pic.twitter.com/N3ukVu7kGy— Bojan Miovski (@bojanmiovskii) October 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА