Миовски: Многу сум разочаран од фудбалерите на Лихтенштајн

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Лихтенштајн од 0-3 ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Еден од стрелците на гол за Македонија, Бојан Миовски даде свое мислење по завршување на мечот…

„Разочаран сум од Лихтенштајн бидејќи игравме на сув терен кој ни создаваше многу проблеми, а и тие не сакаа да играат фудбал што е многу жално. Останавме сконцетрирани од самиот почеток и тоа беше најважно. И благодарам на публиката што дојде во голем број бидејќи се чувствувавме како да играме дома. Се надевам дека на мечот со Велс ќе биде полна цела арена „Тодор Проески““, изјави Миовски. 

Се вчитува...