Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми 1-1 против Молдавија во пријателскиот натпревар кој се игра во Анталија.
Стрелецот на голот за Македонија, Бојан Миовски по мечот вели дека можеле порано да го затворат мечот, но сепак дека ова е пријателски меч и важно е да се воиграат пред натпреварувачките мечеви.
„Добро го почнавме првото полувреме и имавме контрола. Во вториот дел загубивме доста дуели и на крајот тоа беше причина за тоа што примивме гол. Имавме неколку шанси околу 60-та минута кога можевме да го затвориме мечот, но тоа е што е одиме понатаму. Ова се пријателски мечеви и важно е да се воигруваме на нив“, вели Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА