Еден од најдобрите македонски фудбалер Бојан Миовски се наоѓа пред веројатно најголемиот трансфер во неговата досегашна кариера. Тој одличната сезона во шкотски Абердин, треба да ја наплати со трансфер во една од топ 5 лигите во Европа.
Како прв фаворит за неговиот потпис е хитот од минатата сезона во Серија А, Болоња која сезонава ќе игра и во Лигата на шампионите. Meнаџерот на Абердин Џими Телин изјави дека додека не е позната иднината на Македонецот, тој ќе биде надвор од тимот.
„Имавме добар разговор со него, многу работи се случуваат во моментов. Заедно со него вчера решивме дека не треба да ја игра оваа средба и да продолжи да работи следната недела“, изјави Телин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА