Квалитетен натпревар за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во првиот меч како стартер за Џирона во 2. коло од Ла Лига.
Џирона на домашен терен убедливо со 4-0 славеше против Осасуна на натпревар на кој Миовски почна во првите 11.
Брајан Хил го постигна првиот гол за домашните во 34. минута, а Украинецот Циганков стрелаше во 53. минута за 2-0, по акцијата од десната страна и центаршутот на Миовски.
GOAL 🥅 | GIRONA 2-0 OSASUNA| Viktor
Viktor Doubles the lead !!!
— GOAL 🥅! (@fcgoal_) August 29, 2024
На 3-0 зголеми Абел Руиз во 56. минута со прекрасен погодок од 16 метри, а конечните 4-0 ги постави Стуани во 90. минута.
What golazo from Abel Ruiz (24) to score his first league goal of the season and to give Girona the 3-0 lead at home against Osasuna. ⚽️🇪🇸
Yangel Herrera (26) gets the assist with a perfectly controlled chest pass. 🪄🇻🇪pic.twitter.com/WT1ajvp1U6
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) August 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА