Македонската репрезентација влезе во вториот ден од подготовките за натпреварите со Грузија и со Бугарија во Лигата на Нации. Националниот тим веќе го одработи денешниот тренинг, а утре „лета“ за Тбилиси каде во петок во 18 часот ќе го игра мечот против првопласираниот во групата.
Бојан Миовски, напаѓачот на македонскиот национален тим вели дека Грузија е во форма, но дека и покрај недостатокот на неколку играчи, Македонија може да дојде до триумф.
„Грузија има многу напредок, го знаеме тоа и го видовме тоа во Скопје во вториот дел. Но, сметам дека ако ние постигневме гол во првиот дел, немаше да загубиме. Како и да е, се вртиме кон овој меч. Ни недостасуваат клучни играчи, но тие што сме тука ќе дадеме максимум. Не чека пеколен меч таму, но во мислите ни е само победа“, рече Миовски.
Миовски вели дека Грузија е добро анализирана, и дека само со верба во себе може да се добие натпреварот.
„Селекторот ни кажува каде треба да напаѓаме, ги анализираме нивните слаби страни. Се додека имаме теоретски шанси ќе дадеме се од себе. Грузија е во предност, за тоа што и со бод ќе го задржи првото место, но ако веруваме во себе ќе победиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА