Фудбалерите на Жирона забележаа нов пораз во домашниот шампионат откако денеска беа поразени на домашен терен од Депортиво Алавес со 0-1 во премиерниот меч од денешната понуда од 30. коло во Ла лига.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 61. минута кога Висенте стрелаше за 0-1, што на крајот се покажа како доволно за полн плен за гостинот.
Миовски кој се врати од повредата беше на клупата за резерви на Жирона, но не доби шанса да влезе во игра.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА