Миовски не доби шанса во поразот на Жирона од ПСЖ, без голови на „Етихад“ (ВИДЕО)

Најдобриот македонски напаѓач, Бојан Миовски не доби шанса во историскиот прв меч на неговата Жирона во Лигата на шампионите, која вечерва на тешкото гостување на „Паркот на принцовите“ во самиот финиш загуби од Пари Сен Жермен со 1-0.

Иако домаќините беа далеку подобар противник, каталонскиот тим успеваше да одолее се до самиот финиш кога Мендеш во 90. минута го постигна победничкиот погодок. Македонскиот напаѓач Бојан Миовски ќе чека друга шанса за деби во Лигата на шампионите, бидејќи денеска остана на клупата за резерви.

Без голови заврши најзвучниот натпревар вечерва во кој во репризата на финалето од 2023 година се сретнаа Манчестер сити и Интер. Двата тима одиграа убав натпревар и динамичен натпревар во кој единствено недостасуваа голови.

Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Клуб Бриж со 0-3. Головите за „милионерите“ ги постигнаа Бајно-Гитенс во 76. и 86. минута и Гираси од пенал во 93. минута.

Club Brugge 0 – [2] Dortmund – Jamie Gittens 86'
byu/CivillyWalk757 insoccer

Во последниот меч од денешната програма шкотскиот шампион Селтик одигра неверојатен натпревар совладувајќи ја Слован Братислава со убедливи 5-1.

Celtic [5]-1 Slovan Bratislava – Adam Idah 87'
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...