Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не ги заборава своите фудбалски корени, па паузата во Премиерлигата на Шкотска и тоа како секогаш ја користи и за посета на својата Брегалница.
Миовски денеска повторно беше меѓу штипските „сини“ гостин на Брегалница која ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска средба.
Членот на шкотски Абердин имаше средба со извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев, разменувајќи и меѓусебно дресови како спомен на уште видување.
„Посакувам Брегалница и натаму да чекори по вистинскиот фудбалски пат како во моментов, како вистински репрезент на Штип и регионалниот спорт во елитното македонско фудбалско друштво“ – истакна Миовски на средбата во просториите на Брегалница.
Миовски беше и во посета на Општина Штип на средба со градоначалникот Иван Јорданов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

