Миовски: Не ме восхитува хет-трикот, битна е победата

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше главниот фудбалер на неговиот Ренџерс во победата над нисколигашот Анан oд 5-0 во шкотскиот национален куп.

Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата постигна хет-трик во средбата

„За секој напаѓач битно е да постигне гол. Јас постигнав три и сум пресреќен. Но, не мислам на хет-трикови, секогаш сакам да одам чекор повеќе и да дадам што повеќе голови“, изјави Миовски кој додаде дека и покрај тоа што неговиот клуб во средбата беше апсолутен фаворит, фокусот бил на највисоко ниво.

„Го сметавме овој натпревар како секој друг. Бевме професионалци и отидовме чекор понатаму. Овие натпревари можат да бидат незгодни. Видовме како еден Реал Мадрид беше елиминиран од Купот во Шпанија, затоа влеговме во средбата со цел фокус на победа. Сакавме да имаме контрола, да постигнеме гол рано во средбата и да си олесниме“

Се вчитува...