Mиовски не стрелаше, но Абердин е во полуфиналето на шкотскиот куп

Македонскиот фудбалски репрезентативец и неговиот Абердин направија нов голем успех откако се пласираа во полуфиналето на шкотскиот куп.

Тие денеска во четвртфиналето на домашен терен беа подобри од Килмарнок со 3-1. Водство за домаќините од 1-0 донесе Мекграт во 11. минута. На 2-0 зголеми Шини во 33. минута. до крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Армстронг.

Конечните 3-1 ги постави Финдли кој си постигна автогол во 66. минута. Миовски не се запиша во листата на стрелците иако стартуваше од првата минута, а од игра беше повлечен во 88. минута.

Се вчитува...