Миовски нема да ја добие легендата на Ливерпул за тренер: Џерард го одби Ренџерс

Легендата на Ливерпул и на Англија, Стивен Џерард одби повторно да го води тимот на Глазгов Ренџерс. Шкотскиот гигант одржа разговори со својот поранешен менаџер за време на репрезентативната пауза, но тој јасно стави до знаење дека нема намера во моментов да се врати на работа.

Екс играчот од средниот ред на Ливерпул и на Англија, последен пат беше менаџер на Ал-Итифак од Саудиска Арабија, кој го напушти на крајот на јануари.

Тимот на нашиот репрезентативец Бојан Миовски е во потрага по нов менаџер по оставката на Расел Мартин се наоѓаат на осмото место во шкотскиот шампионат по 7 одиграни кола.

Се вчитува...