Миовски од прв ден во стартниот состав на Ренџерс и тоа во вечното шкотско дерби

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски прифати нов предизвик во својата кариера и во иднина ќе настапува за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс откако вчера и официјално се врати во силното првенство на „Островот“.

Очекувањата за Македонецот се големи во Глазгов, неговиот квалитет е веќе добро познат во Шкотска па македонскиот голгетер ќе добие шанса од првата минута на денешното вечно дерби против Селтик, потврдија од клубот објавувајќи го почетниот состав.

Дербито започнува од 13 часот.

Се вчитува...