Фудбалерите на Жирона повторно одиграа слаб натпревар во шпанската Ла лига, откако денеска ремизираа без голови 0-0 на домашен терен против Рајо Валјекано во меч од 7. коло.
Иако беа подобар противник, домаќините не успеаја да ја затресат мрежата на гостинскиот тим, па на крајот тимот од Каталонија мораше да се задоволи само со бод од овој меч во кој беше голем фаворит.
Причината за тоа што Жирона не успеа да постигне гол можеби ќе треба да се бара во тоа што во мечот шанса не доби македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој остана на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА