Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски и неговиот Ренџерс доживеаја елиминација во шкотскиот куп, откако денеска во големото дерби против Селтик во четвртфиналето загубија по изведување на пенали со 2-4.
И двата тима имаа свои шанси во 120 минути, но ниту една од екипите не успеа да го начне голот на противникот. Натпреварот замина во пенал серија, а таму непрецизни за „полицајците“ беа Таверние во првата и Гасама во четвртата серија.
Бојан Миовски овој меч го помина на клупата за резерви на шкотскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

