Бојан Миовски ги надмина проблемите со повредата на коленото на која се пожали по репрезентативните обврски, по што македонскиот голгетер ќе се врати во таборот на Џирона викендов.
Неговиот тим ќе се сретне со Алавес, а тренерот Мичел на денешната прес-конференција потврди дека Македонецот ќе му биде на располагање, откако нашиот репрезентативец не настапи на дуелот со Барселона минатиот викенд.
„Миовски повторно е фит. Тој тренираше со екипата и ќе биде во комбинација за настап“, истакна тренерот на Џирона.
Останува да се види дали Бојан ќе добие улога на стартер на овој дуел или ќе му биде резерва на Данјума, кој успеа да се запише меѓу стрелците на дуелот со Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА