Миовски пак почна од клупата на Глазгов ренџерс, Црвена Звезда со играч помалку до победа

Глазгов Ренџерс одигра само 1-1 на домашен терен против Брага, за освојување на првиот бод по пет одиграни рунди во Лигата на Европа. Шкотскиот гигант водеше со 1-0 со пеналот на Таверние, имаше и играч повеќе на теренот, но сепак прими гол и остана без цел плен на овој меч. Она што е најважно за нас, Бојан Миовски беше резерва и на овој дуел, влезе во игра дури во 77. минута, но Македонецот немаше посериозна шанса да се запише меѓу стрелците.

Црвена Звезда врза две европски победи откако вечерва по голема битка го совлада романски ФЦСБ со минимални 1-0. Успехот е уште поголем ако се знае дека српскиот првак од 27. минута беше со играч помалку на теренот, но сепак стигна до бодовите благодарение на погодокот на Дуарте на почетокот од второто полувреме.

Нотингем рутински славеше дома против Малме со 3-0, а најубедливи беа фудбалерите на Лион, кои на гостински терен го декласираа Макаби со 0-6.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...