Миовски по супер-дебито во Европа: Голем камбек, но нашата работа не е завршена

Бојан Миовски имаше европско деби за паметење откако македонскиот ас постигна еден гол и една асистенција на синоќешното гостување против Хакен, спречувајќи пораз на Абердин во баражот од конференциската лига (2-2).

Миовски не ја крие гордоста за своето добро издание, но нашиот голгетeр истовремено и порачува дека нема време за славје бидејќи следната седмица ќе претстои реваншот против Хакен.

„Направивме голем камбек, но нашата работа не е завршена. Благодарност за неверојатната поддршка… Се гледаме в четврток на нашиот стадион Питодри“, порача Бојан Миовски.

Се вчитува...