Миовски покажа дека е врвен стрелец, но знае да промаши и „зицер“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е „крал“ на стрелците во Шкотска. Тој во дресот на Абердин во првите девет меча има седум голови.

Меѓутоа вчера покажа дека знае да промаши и „зицер“ каде што веројатно беше едно од најголемите промашувања кои ги имал досега македонскиот интернационалец. Откако беше вратена топката кон него, тој не успеа да ја исконтролира, иако голот беше празен.

Можеби мала „вина“ има и инерцијата, со оглед дека Миовски веќе беше во трк, а топката одеше кон него и тешко беше да сопре.

Неговиот тим на крајот загуби од Данди со 4-0.

Се вчитува...