Бојан Миовски ја круниса добрата партија со гол, со што асот на Џирона ја запечати победата над Ерменија, прекинувајќи ја серијата од седум меча без триумф на нашата национална селекција.
Успехот е уште поголем ако се знае дека целото второ полувреме го одигравме со играч помалку по црвениот картон на Зајков, но сепак успеавме да стигнеме до посакуваните три бода.
„Тежок натпревар, особено по оној црвен картон. Сепак, покажавме дека оваа репрезентација има менталитет, излеговме на терен и со црвен картно победивме со 2-0 против една цврста и квалитетна репрезентација“, задоволен беше Миовски по мечот.
Неговиот став е јасен – Македонија има квалитет за прво место во групата во Лигата на Нации.
„Секако дека одиме на првото место во групата, тоа ни е целта од првиот ден кога почнавме. Стартувавме лошо со реми во Фарските Острови, но наша желба е да бидеме први во групата“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА