Македонскиот интернационалец Бојан Миовски и неговиот Абердин направија голем успех пласирајќи се во финалето од шкотскиот Куп, за прв пат по десет години.
Херој на тимот беше токму Македонецот кој во 78. минута постигна одличен гол па не го криеше задоволството по крајот на натпреварот.
„Секогаш е посебно чувство кога ќе добиеш ваков натпревари и тоа пред своите навивачи. Беше тежок натпревар, но заслуживме да прославиме на ваков начин.
Голот го постигнав со моите последни сили. Со последниот шут кој можев да го упатам. По него бев многу уморен бидејќи и играв како единствен напаѓач. Имавме и играч помалку поради црвениот картон, но верувавме во себе. Стигнавме до шанса, постигнавме гол и сме во финале.
Покажавме менталитет на теренот, се браневме многу добро и бевме концентирани до последната секунда. Горд сум на овие момци. Го оставивме срцето на терен“, изјави Миовски.
За Миовски тоа ќе биде прв финален Куп натпревар па додаде и дека тоа ќе биде посебен натпревар.
„Никогаш не сум играл финале во Куп така да не знам какво е чувството, но знам дека ќе биде посебно за мене, за сите нас бидејќи долговреме немаме играно во финале. Ќе биде посебен натпревар за нас“, додаде Македонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

