Миовски промаши пенал, Абердин загуби кај Хиберниан

Абердин на Бојан Миовски не успеа да стигне до поволен резултат во 15. коло од шкотското првенство откако загуби на гостувањето кај Хиберниан со 2-0 во натпревар во кој македонскиот интернационалец не успеа да реализира од белата точка во 77. минута.

Покрај тоа пречката два пати го спречи Македонецот да ја продолжи одличната голгетерска форма па неговиот тим остана во зоната која води во доигрувањето за опстанок во елитното првенство.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...