Денеска Џирона го игра натпреварот од 3. коло во шпанската Ла Лига, а овој меч против Осасуна ќе биде посебен за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Голгетерот за првпат стартува од 1. минута во новиот клуб, каде дојде од Абердин ова лето.
Миовски веќе дебитираше за својот нов клуб, откако влезе во игра во 59. минута на натпреварот со Атлетико во Мадрид. На тој меч имаше и две добри шанси, но еднаш беше изблокиран, а потоа и Облак му го одбрани неговиот удар.
Џирона лошо го стартуваше шампионатот, со едно реми и еден пораз во првите две кола, и гол разлика 1-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА