Миовски само резерва, Глазгов Ренџерс поразен дома во Лигата на Европа

Глазгов Ренџерс уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако шкотскиот гигант со пораз на домашен терен од Генк (0-1) го почна настапот во Лигата на Европа. Шкотите повторно одиграа под своите можности, а клучен момент беше црвениот картон што го заработи домашниот играч Диоманде во 41. минута.

Генк не реализираше пенал пред крајот на првото полувреме, но гостите сепак во вториот дел го ннајдоа патот до мрежата на Глазгов Ренџерс. Бојан Миовски неочекувано стартуваше од клупата за резерви, а Македонецот влезе во игра дури во 80. минута, без шанса посериозно да го загрози голот на Генк до крајот од овој меч.

Порто како гостин го совлада Салцбург со 0-1 со голот на Гомеш во 93. минута, додека Ференцварош и со играч помалку се врати и преку Пешиќ во 95. минута избегна пораз на домашен терен против Плзењ.

Штутгарт со погодоците на Буанини и на Ел Канус ја совлада Селта со 2-1, а Тесман беше херојот на Лион, постигнувајќи го победничкиот гол во 75. минута од гостувањето против Утрехт.

Астон Вила е во криза во Премиер-лигата, но тимот на Унаи Емери успешно ја почна европската сезона славејќи над Болоња со 1-0 благодарение на погодокот на Мегин.

Се вчитува...