Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е неизвесен за дербито на Ренџерс против Хартс викендов во шкотскиот шампионат, откако се повреди против Ференцварош на европската сцена.
Од таборот на Ренџерс потврдија дека Миовски е се уште повреден, па останува да се види дали ќе биде подготвен за настап против Хартс.
„Миовски е се уште под знак прашалник. Ќе ја следиме неговата состојбата во следните 48 часа, па ќе видиме дали ќе може да ни помогне“, истакна тренерот на Ренџерс, Дени Рол.
Повредата за македонскиот напаѓач доаѓа во најнезгоден период, откако на два едноподруго меча постигна три гола, влегувајќи во посакуваната форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

